| Не би можела да спијам со ист маж цел живот |
Холивудската ѕвезда Камерон Дијаз не верува во моногамија и мисли дека бракот е застарен концепт, а открива дека не може да го замисли животот во кој би спиела само со еден маж.„Врските може да траат две, пет или 20 години, но не верувам во тоа да ја делам постелата со еден ист човек цел живот. Тоа може е реалност за некои луѓе, но не и за мене“, искрено призна Дијаз. Актерката која беше во врска во неколку познати личности, како што се Мат Дилон, Џаред Лето и Џастин Тимберлејк верува дека општеството создава голем притисок на луѓето да се венчаваат и смета дека нема ништо лошо во тоа да се биде сингл. Во интервју за германскиот магазин Bunte меѓу другото рече: „Вистинската љубов не можеш да ја најдеш, таа ќе те најде тебе. Некаде постои некој со кого ќе ја поделиш љубовта. Општеството не тера да мислиме дека љубовта ќе ја пронајдеме на 18 години, ќе се земеме и ќе останеме цел живот со иста личност. Тоа е срање! Тоа денес не може да биде идеал!“ „Некои луѓе ја пронаоѓаат љубовта на 50 години, а со денешниот животен век, со таа личност може да живеете уште 50 години. Замислете само да морате да спиете со ист маж 20, 30 или 50 години. Ако не сте спремни за тоа, тогаш не го правете тоа“, порача Камерон. |



Холивудската ѕвезда Камерон Дијаз не верува во моногамија и мисли дека бракот е застарен концепт, а открива дека не може да го замисли животот во кој би спиела само со еден маж.