Malesh-Net

На Земјата имало сложени форми на живот многу порано од тоа што досега се мислело
Првите форми на сложен живот се појавиле пред околу 2,1 милијарди години, произлегува од студијата на еден француски научник од универзитетот во Пуатие.

Се` досега научниците сметаа дека појавата на сложените форми на живот била околу 1,5 милијарди години подоцна. Но, по последните откритија на сложени форми на живот, првите  повеќеклеточни организми се појавиле пред околу 2,1 милијарди години.

Првите форми на живот кои се појавиле на нашата планета пред 3,5 милијарди години биле едноклеточните организми, како бактерииите.

Научникот Абдеразак Ел Албани од Универзитетот во Пуатие успеа да открие повеќе од 250 фосили на првите форми на живот на земјата, од кои еден сложен од типот „Грипаниа спиралис“, кој според проценките живеел на земјта пред околу 1,6 милијарди години.

 

Сабота, 04. Септември 2010

Valid XHTML & CSS | Design by: LernVid.com

Админидтратор