| Анџелина Џоли: Не сум бремена, но немам ништо против тоа |
Анџелина Џоли во интервју за августовскиот број на vanity Fair, вели дека нема ништо против бракот, но се чувствува како веќе да е мажена.
- Децата се голема обврска, многу поголема од бракот. Тие се засекогаш, вели таа. Во интервјуто таа зборува за своето семејство, партнерот, бракот, бременост и за актерството. На прашање за евентуално проширување на семејството вели: Не, не сум бремена иако не се противиме на тоа. Сепак, сакаме да имаме време секој за себе. Сега кога се деца можат заедно да играат, но во иднина ќе им треба разговор со мајка. Сакаме да бидеме сигурни дека нашето семејство нема да стане преголемо, па да не можеме да најдеме доволно време да ги воспитуваме како што треба, изјави Џоли. Таа е одушевена од интелектот на синот Мадокс. - Одличен е на училиште. Многу сака историја. Смета дека може да стане писател или да патува низ светот за да научи за местата и работите.Захара има неверојатен глас, многу е елегантна и убаво зборува. Шајло е хистерично смешна додека Кнокс и Вив се класично момче и девојче. Џоли признава дека би сакала да глуми со партнерот Бред Пит, но за глумата вели дека тоа не е најважната работа во нејзиниот живот. - Актерството ми помогна додека растев. Ми помогна да учам за себе, да патувам, да го разбирам животот, да научам да се изразувам..Работам во Венеција, но мислам дека нема уште долго тоа да го работам. Имам среќен дом. Кога ќе се вратам дома навечер од работа,сите си играат,пеат или танцуваат, вели Џоли. |



Анџелина Џоли во интервју за августовскиот број на vanity Fair, вели дека нема ништо против бракот, но се чувствува како веќе да е мажена.