| Словенците повикуваат туристи со разголени девојки |
|
Со оваа забелешка медиумите всушност повторно ја критикуваат нивната премиерка Јадранка Косор, која забрани исончаниот задник на една нивна позната манекенка да се најде на промотивен туристички спот. Словенците на плакатите низ „дежелата“ поставија убавици во бикини, кои со „исфрлените“ облини порачуваат „Дома е најубаво-словенско морје Ве очекува“. Освен домашните туристи, Словенците со оваа кампања се обидуваат да привлечат и странци кои во текот на пропатувањето низ нивната земја може да ги забележат разголените убавици, па поради тоа можеби ќе се одлучат да останат во земјата, место патувањето да го продолжат кон Хрватска. |



Словенците знаат како да намамат туристи на нивниот дел од Јадранското море, пишуваат хрватските медиуми, додавајќи дека соседите како главен адут се одлучиле да го искористат тоа што во Хрватска го нема - разголени убавици на билбордите.