Malesh-Net

Остана без титулата Мис Словенија заради овие фотки

Само што беше прогласена за нова Мис Словенија, Сандра Мариновиќ остана без круна и титулата, заради нејзините фотки во Плејбој. Организаторите по појавувањето на спорните фотографии титулата и ја доделија на друга девојка, и тоа со мошне интересно објаснение.

Имено, организаторот на изборот за најубава Словенка, на прес конференција објави дека дошло до грешка во броењето на гласовите и дека титулата и припаѓа на Марика Савшек.

 

Познато е дека челниците на ваквите избори не сакаат разголени фотки од нивните натпреварувачки и затоа уште пред натпреварот девојките мора да потпишат формулар, во кој пишува дека никогаш не се сликале голи или полуголи.

Сандра неодамна позираше полугола за словенечкото издание на ’Playboy’, па според договорот ќе мора дури и да плати казна.

Минатата година една од убавиците била дисфалификувана бидејќи позирала топлес едиторијал, а наводно во договорот јасно им било потенцирано дека не смеат да позираат голи или полуголи за фото едиторијали или реклами.

Сепак, Сандра Мариновиќ во својата кариера сними и неколку едиторијали за странски познати брендови, а двапати позираше и за ’Playboy’. Организаторите тврдат дека грешката која објавија е вистина, и дека одземањето на титулата нема врска со еротските фотографии.

Eве со што друго може да се пофали Сандра:


 

Сабота, 04. Септември 2010

Valid XHTML & CSS | Design by: LernVid.com

Админидтратор