| Џон Траволта остана без кучиња во инцидент на аеродром |
Кучињата на холивудската ѕвезда пред неколку дена настрадале на меѓународниот аеродром Бангор во Маине додека го сервисирале неговиот авион, пишува Bangor Daily NewsНесреќата се случила кога Џон Травлота замолил еден од вработените на аеродромот да ги прошета неговите кучиња додека се сервисира авионот. Инаку, славниот актер е позната како одличен и сериозен пилот кој сам управува со приватниот авион. „Во истото тоа време требало да слета и авионот во кој беа другите челнови од семејството на Траволта. Аеродромскиот камионет тргнал кон авионот за да ги собере патниците, а кучињата одеднаш излегоа пред него. Не можеше да ги избегне и тие пцовисаа“, изјавил за локалнтие медиуми извор од тамошните власти. „Многу се грижиме за безбедноста на аеродромто. Мноgу авиони слетуваат и пполетуват без никави инциденти. Ова е несреќен случај и сакаме да го изразиме нашето жалење до целото семејство“, изјавила директорката на аеродромот, Ребека Хап, додавајќи дека не било уште утврдено дали кучињата биле на синџир и како точно налетале под камионетот. Педесет и шест-годишниот Траволта и неговата сoпруга, исто така актерка 47-годишната Кели Престон, поседуваат куќа на Ајслесборо на брегот кај местото Валдо Каунти, и се претпоставува дека целото семејство требало да се смети таму по слетувањето, додека актерот самиот управувајќи со авионот пристигнал претходно. |



Кучињата на холивудската ѕвезда пред неколку дена настрадале на меѓународниот аеродром Бангор во Маине додека го сервисирале неговиот авион, пишува Bangor Daily News