Malesh-Net

За 30 минути заработила 250.000 фунти

Само минатата година богатството на пејачката Шерил Кол се зголеми за 150 проценти, а со завчерашниот настап таа е побогата за уште 250.000 фунти, јавија светските агенции.

Кол завчеравечер имаше краток настап од 30 минути на забава во Кан, организирана од луксузната компанија за накит „Де Грисогоно“.

Според информациите, таа ќе добие и накит за својот настап во „Хотел ду кап“, каде што како гости ќе се појават и Наоми Кембел и Маргарита Мисони.

Шерил веќе имаше можност да го носи накитот на оваа престижна компанија во рамките на шоуто „Икс фактор“.

Во последните неколку финансиски зделки пејачката на „Гирлс Алоуд“ потпиша договори од по 500.000 фунти со „Лореал“ и „Кока-Кола зеро“, а нејзиниот соло-албум „3 Зборови“ се искачи на првото место, па така нејзиното богатство од 4 милиони фунти за кратко време стана 10 милиони фунти.

 

 

Сабота, 04. Септември 2010

Valid XHTML & CSS | Design by: LernVid.com

Админидтратор